Водород е хемиски елемент со атомски број 1. Водородот е хемиски елемент кој има еднаков атомски и масен број од причина дека има само еден протон а воопшто нема неутрони. Ова е хемискиот елемент кој има најмал број на елементарни честички во својот состав. Во неговото атомско јадро има само еден протон, додека во неговата електронска обвивка има само еден електрон.

Ознаки:
– Со жолта боја е означен атомски број на водород
– Со црвена боја е означен масен број на водород
Самиот број на елементарни честички покажува зошто водородот е налесниот хемиски елемент воопшто.
Важни информации
Латинското име на водородот е hydrogenium. Самото име на водородот потекнува во грчките зборови hydro што значи вода и genes што значи создава. Иако многу научници експериментирале со водород, сепак првиот кој открил дека водородот е посебен хемиски елемент е Хенри Кевендиш. Водородот е познат како “запаллив воздух”.
Хемискиот елемент водород е најраспространетиот во вселената од причина дека претставува материјал кој во најголем процент влегува како градбен материјал од кој се формирани ѕвездите. На планетата Земја го има во две различни форми:
- Слободен – во горните слоеви на атмосферата.
- Сврзан – во најголем процент во водата во комбинација со кислородот, а го има и во одредени киселини и бази.
1. | Име на хемиски елемент | Водород |
2. | Хемиски симбол | H |
3. | Атомски број (број на протони) | 1 |
4. | Масен број (број на нуклеони) | 1 |
5. | Категорија | Неметал |
6. | Боја | Безбоен |
7. | Фаза | Гасна |
8. | Точка на топење | – 259,16* |
9. | Точка на вриење | – 252,879* |
11. | Густина | 0,08988** |
12. | Стандардна атомска тежина | 1,008 |
*Температурата во табелата е изразена во мерката степени целзиусови.
**Густината во табелата е изразена во мерката грам на центиметар кубен.
Изотопи на водород
Водородот има два стабилни изотопи:
- Деутериум – може да се спомне и како водород – 2 или пак тежок водород.
- Тритиум – може да се спомне и како водород – 3.
Деутериум
Деутериум е изотоп на водородот кој во своето јадро има еден протон (исто како и водородот), и еден неутрон по што се разликува од атомот на “обичниот” претставник на хемискиот елемент со атомски број 1. Атом на деутериум има атомски број 1, а неговиот масен број изнесува 2.

Тритиум
Тритиум е изотоп на водородот кој во своето јадро има еден протон (исто како и водородот и деутериумот), и два неутрони по што се разликува од атомот на “обичниот” елемент со атомски број 1 и од оној на деутериумот. Атом на тритиум има атомски број 1, а неговиот масен број изнесува 3.

Водородот има повеќе изотопи но сите освен деутериумот се нестабилни.
Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.
Pingback: Кислород