Внатрешна енергија на тело е збир од сите кинетички и сите потенцијални енергии на неговите составни честички.
Секое тело или било која материја е составено од малечки честички. Во зависност од видот на материјалот и надворешните влијание тие составни честички имаат определен распоред и густина на распореденост. За сите нив важи дека:
- Честичките постојано се во состојба на движење поради што поседуваат кинетичка енергија.
- Честичките постојано си замнодејствуваат едни со други, поради што поседуваат гравитациска потенцијална енергија.
Збирот од сите енергии на сите честички кои се во составот на телото ја претставуваат внатрешната енергија на телото.
Поврзаност на внатрешна енергија со физички величини
Внатрешната енергија на тело е директо поврзана со неговата температура. При зголемување на температурата, честичките ја зголемуваат својата брзина на движење. Имајќи во предвид дека со зголемување на брзината, се зголемува и кинетичката енергија на тело, следува дека ќе се случи и зголемување на внатрешната енергија.
Следува дека внатрешната енергија зависи правопропорционално од температурата. Колку температурата е повисока, толку е поголема внатрешната енергија, и обратно, колку е пониска температурата, толку е помала внатрешната енергија на телото.
Температурата, од своја страна е поврзана со физичките величини притисок и волумен, што значи дека и внатрешната енергија индиректно зависи од промените на телото кои се однесуваат на неговиот волумен и притисокот кој што може да дејствува на самото тело.
Често, внатрешната енергија на одредена материја може да биде искористена. Тоа е енергија со која луѓето може да манипулираат во своја корист.
Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.
Tags: Внатрешна енергија, Честички