За да се пресмета вкупен електричен отпор во комбиниран струен круг мора да се знаат формулите за пресметување вкупен електричен отпор, поединечно за:

  • Сериски струен круг
  • Паралелен струен круг

Со примена на формулите за пресметување вкупен електричен отпор во сериски и паралелен струен круг се формира нова формула за комбиниран струен круг, која важи само за тековниот струен круг чиј вкупен отпор се одредува. Затоа комбинираните струјни кругови се покомплицирани за одредување на еквивалентниот отпор. Примерите кои може да ги видите подолу (во текст и видео формат) ќе ви помогнат да сфатите како се формираат нови формули (врз база на оние за сериски и паралелен струен круг).

Пресметување електричен отпор во комбиниран струен круг

Струјниот круг кој во себе содржи и сериска и паралална врска меѓу потрошувачите (отпорниците) се вика комбиниран струен круг. Поради комбинацијата од сериска и паралална врска, при пресметувањето на вкупниот отпор мора да се користат поединечните формули за двата начини на поврзување.

Најдобро е прво да сфатиме колку различни членови се поврзани сериски. Вкупниот оптор во комбиниран струен круг го претставуваме како збир од поединечните сериски поврзани делови.

Секако мора добро да се внимава, бидејќи еден член кој е сериски сврзан со останатите може самиот да претставува паралелна врска од два, три или повеќе членови. Во овој случај прво се пресметува отпор за тој член (со корисњење на формулата за вкупен отпор во паралелни струјни кругови), па дури тогаш со таа вредност се пристапува кон пресметување на вкупниот отпор во комбинираниот струен круг.

Најкомплицирани за решавање се струјните кругови кои имаат член кој сам по себе содржи и сериска и паралелна врска.

Погледнете го решениот пример подолу. Овој пример содржи наједноставен комбиниран струен круг со три потрошувачи (отпорници).

Пример за пресметување вкупен отпор во комбиниран струен круг

Пример 1: Пресметај го вкупниот (еквивалентниот) електричен отпор во комбинираниот струен круг, даден на сликата подолу:

Комбиниран струен круг со три потрошувачи

Сликата погоре, содржи три потрошувачи сврзани комбинирано. Притоа од сликата јасно се гледа дека струјниот круг содржи два различни дела кои се сврзани во серија! Тоа се:

  • Првиот потрошувач со електричен отпор R еден.
  • Паралелната врска меѓу вториот и третиот потрошувач со електричен отпор R два и R три соодветно.

Во оваа ситуација, затоа што во серија има само два елементи, за вкупниот отпор во комбинираниот струен круг ја креираме формулата:

Формула за пресметување вкуепен електричен отпор во комбиниран струен круг

Логично, на почеток ќе го одредиме вкупниот електричен отпор во паралелната врска R (еден-два), па со таа вредност ќе се вратиме назад во почетната формула за да го одредиме вкупниот електричен отпор за цел комбиниран струен круг!

За паралелна врска, ја користиме формулата со реципрочни вредности, прилагодена на бројот на потрошувачите во конкретната паралелна гранка. Таа гласи:

Електричен отпор во паралелната врска

Со замена на вредностите за вториот и третиот потрошувач се добива изразот:

Замена на вредности за втори и трет потрошувач

По замената на НЗС (најмалиот заеднички содржател) за броевите 3 и 6 и проширувањето на дропките до именител 6 се добива:

Проширување до исти именители

Од каде со собирање на дропките со исти именители, доаѓаме до последниот чекор:

Собирање на поединечните реципрочни вредности во паралелна врска

На крај, со соодветно свртување (лево и десно од знакот за еднаквост), се добива:

Вкупен електричен отпор во паралелниот дел од комбиниран струен круг

Вкупниот отпор на паралелната врска меѓу вториот и третиот потрошувач изнесува 2 оми.

На крај останува, претходно добиената вредност да ја замениме во почетната формула, со што добиваме:

Вредност на вкупниот електричен отпор во комбинираниот струен круг

Вкупниот електричен отпор за цел комбиниран струен круг изнесува 4 оми!

Видео примери

Видео материјалот подолу содржи три различни комбинирани струјни кругови кои се добиваат со комбинирање на местото на секој отпорник поединечно. Во него ќе ги видите следните комбинации:

  1. Првиот потрошувач е во сериска врска со паралелната врска на вториот и третиот.
  2. Вториот потрошувач е во сериска врска со паралелната врска на првиот и вториот.
  3. Третиот потрошувач е во сериска врска со паралелната врска на првиот и вториот.
Вкупен отпор во комбиниран струен круг

Секој различен комбиниран струен круг е нова состојба која добро треба да се анализира, да се сфати начинот на поврзување меѓу различните делови, па дури тогаш да се креира нова формула која ќе важи само за тој комбиниран струен круг!



Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , , , , , , ,