Ромб е вид четириаголник кој има:
- Четири еднакви страни
- Две по две паралелни спротивни страни
- Два по два еднакви спротивни агли
Ромбот често асоцира на квадрат поради еднаквоста на сите четири страни и кај првата и кај втората геометриска фигура. Разликата е во тоа што ромбот нема прави агли како квадратот!

Периметар
Периметар на ромб се пресметува на идентичен начин како при пресметката на обиколката кај квадрат.
Формулата за пресметување на периметар на ромб гласи:

Истата формула претставена како производ на два броеви гласи:

Пример број еден: Пресметај го периметарот на ромб кој има страна со должина 7 центиметри (должината на било која страна на ромбот е 7 центиметри затоа што ромбот има четири еднакви страни).
а) Доволно е вредноста на должината на страната од 7cm да ја собереме сама со себе 4 пати: L=7cm+7cm+7cm+7cm
б) Доволно е вредноста на должината на страната од 7cm да ја помножиме со 4.
Периметарот на ромбот од пример број еден изнесува 28 центиметри!
Плоштина на ромб
Прв метод: Плоштина на ромб може да се пресмета со формулата:

Во формулата со h се означува висината на ромбот. Доколку вредностите за должините на страната на ромбот и неговата висина се познати, за да пресметаме негова плоштина доволно е овие две вредности да ги помножиме меѓусебе.
Пример број два: Пресметај ја плоштината на ромб со страна 5cm, ако должината на неговата висина изнесува 4cm.
При пресметката доволно е да помножиме 5cm со 4cm. Плоштината на ромбот од вториот пример изнаесува 20 центиметри квадратни.
Втор метод: Плоштината на ромб може да се пресмета на втор начин со помош на формулата:

Втората формула за пресметување на плоштината на ромбот се користи ако во одредена ситуација се познати двете дијагонали на ромбот.
Пример број три: Одреди ја површината на ромб чии должини на дијагоналите изнесуваат 5cm и 7cm.
За да се одреди точниот резултат доволно е да се одреди производот на двете дијагонали, т.е 5cm и 7cm и на крај се дели со бројот 2.
Плоштината на ромбот од третиот пример изнесува 17,5 центиметри квадратни!
Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.
Tags: Периметар на ромб, Плоштина на ромб, Ромб, Формула
Pingback: Ромбоид
Pingback: Паралелограм