Притисок е физичка величина која покажува колкаво е дејството на сила нормално (под агол од 90 степени) во однос на некоја површина. Притисокот се означува со P (пе – големо латиница). Притисокот зависи правопропорционално од големината на силата и обратнопропорционално од големината на површината врз која дејствува самата сила.

Притисок

Формула за притисок

Формулата за притисок гласи:

Формула за притисок

во која со F се означува силата, а со S големината на допирната површина врз која што дејствува силата.

Мерки

Имајќи на ум дека еден њутн (1N) е основна единица мерка за сила, а еден метар квадратен основна единица мерка за плоштина, се добива основната единица мерка за притисок паскал (Pa), кој се претставува на следниот начин:

Еден паскал

Основната единица мерка за притисок, еден паскал е мерка која се дефинира на следниот начин: Еден паскал претставува дејството на сила од еден њутн врз површина од еден метар квадратен.

Разбирливо е дека притисокот од еден паскал е прилично мал. Затоа, во реални ситуации се користат само поголеми мерки од еден паскал. Често употребувани мерки од еден паскал се:

  • 1kPa ( еден килопаскал) 1kPa = 1000Pa
  • 1MPa (еден мегапаскал) 1MPa = 1000 000 Pa

Покрај основната единица мерка, често се употребува и мерката 1bar (еден бар). Еден бар е мерка која е поголема од еден паскал сто илјади пати, 1bar = 100 000Pa.

Често употребувани помали мерки од еден бар се милибар и микробар, кои претставуваат илјада и милион пати соодветно, помали единици мерки од еден бар.

Пример со задача за притисок

Пример број 1: Пресметај го притисокот кој го создава сила од 1500 њутни, која дејствува врз површина од 0,012 метри квадратни.

По замената на дадените вредности во задачата, следува:

Formula za pritisok

од каде, по пресметката на количникот на броевите, следува дека притисокот изнесува 125000 паскали.

Хидростатички притисок

Хидростатички притисок е притисокот кој дејствува на одредена длабочина во “мирна” течност. По мирна течност се подразбира онаа течност која е во состојба на мирување, без присуство на било каква дополнитена надворешна сила.

Хидростатичкиот притисок зависи правопропорционално од три различни физички величини:

  • Густината на течноста
  • Земјиното забрзување на местото каде што се наоѓа течноста
  • Длабочината на која се наоѓа местото каде се испитува големината на хидростатичкото дејство
Зависност на хидростатичкиот притисок од длабочината на течноста
Зависност на хидростатичкиот притисок од длабочината на течноста

Формулата за пресметување хидростатички притисок гласи:

каде со грчката буква (ро) се означува густина на течноста, со g земјиното забрзување, а со h длабочината во течноста каде сакаме да пресметаме хидростатичкото дејство.

Пример број 2: Пресметај го хидростатичкиот притисок во вода на длабочина 12 метри, на место каде земјинот забрзување изнесува 9,81 метри во секунда на квадрат.

Густината на водата изнесува 1000 килограми на метар кубен. Со замена на сите вредности се добива изразот:

Formula za hidrostaticki pritisok

од каде по пресметката на производот на трите броеви и соодветното оперирање со нивните мерни единици се добива дека притисокот во вода, на соодветното место и длабочина изнесува 117720 паскали.

Атмосферски притисок

Атмосферски притисок е притисокот кој е резултат на дејството на тежината на атмосферата врз површината на планетата Земја. Како “нормален” атмосферски притисок се зема вредноста за неговото дејство на морското ниво која изнесува 101293 паскали, или изразено како 1,01293 бари.

Логично атмосферскиот притисок зависи од надморската висина на која се наоѓа точката во која не интересира неговата вредност. Колку е поголема надморската висина, толку е помал притисокот од атмосферата. Обратно, колку е помала надморската висина, толку е поголем притисокот од атмосферата.

 

Tags: , , , , ,