Пред да започнете со учење како да претворате мерки за плоштина и волумен задолжително треба да знаете како да претворате мерки за должина. Кликнете на обележаниот текст со плава боја бо претходната реченица за да се вратите на претходната лекција.

Со користење на видеото ќе научите како да претворате мерки за плоштина и волумен, користејќи ист метод како и кај мерките за должина. На почеток (пред претворање на мерки и за плоштина и за волумен) дадени се наједноставните математички формули за пресметување на плоштина и волумен за карактеристични геометриски фигури и тела.

Pretvoranje na merki za ploshtina i volumen

За да ги користите сите три методи (должина, плоштина и волумен), мора да го знаете распоредот на мерките по големина, без да прескокнете некоја од нив! Задачите кои ќе ги видите на крај од видеото искористете ги за да вежбате!



Следете ја www.matematikazasite.com!

Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , , ,