Вовед во одредување и пресметување на плоштина на триаголник користејќи плоштина на квадрат и правоаголник која се дели на половина. Интерсни илустрации за природно создавање на формулата за површинска зафатнина на триаголник.
Видеото содржи:
- Одредување на плоштина на триаголник со помош на квадратна мрежа.
- Споредување на бараната плоштина со плоштина на квадрат и плоштина на правоаголник.
- Споредување на бараната плоштина со плоштина на правоаголник на повеќе различни начини.
- Одредување на точната вредност како половина од производот на основата и висината.
- Формирање на формула за плоштина на триаголник.
- Испитување на формулата за триаголник кој има еден тап агол (тапоаголен триаголник).
- Воочување на основа и висина на даден триаголник.
- Пресметување на плоштина на триаголник.
Плоштината се означува со P( големо латиница). Плоштината се мери во основна единица мерка метар квадратен. Покрај основната мерка се користат помалите дециметар, центиметар и милиметар (квадратни, или на степен 2), како и поголемите декаметар, хектометар и километар (квадратни или на степен 2). Покрај стандардните мерки се користат и дополнителни мерки со кои најчесто се изразува мерка за површина на дадена парцела или дворно место. Најчесто користени се:
- Ар ( 1 ар = 100 метри квадратни)
- Декар ( 1 декар = 1000 метри квадратни)
- Хектар (1 хектар = 10000 метри квадратни)
Површината на било кој триаголник може да се пресмета користејќи една од формулите:
Плоштината на оваа геометриска фигура може да се пресмета како половина од производот на една од страните на било кој триаголник и неговата соодветна висина (отсечка која поврзува теме на триаголникот со спротивната страна под прав агол.
Секако, при пресметување на површината предност и се дава на формулата која ги содржи оние членови кои се најдостапни или познати за да се комплетира пресметката. Плоштина на триаголник се користи и како дел од задача, при пресметување на волумен на геометриско тело кое има основа во форма на триаголник, или пак бочен ѕид во фома на триаголник.
Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.
Tags: Ар, Висина, Декар, Метар квадратен, Основа, Плоштина, Триаголник, Формула, Хектар