На оваа страница може да ги најдете правилата за множење и делење степени со иста, т.е еднаква основа. Покрај правилата, долу има по еден решен пример и за множење и за делење на степени со иста основа. Во видеото, кое исто така може да го најдете подолу во текстот, може да се видат повеќе решени примери.

Множење степени со иста основа

При множење степени со иста основа важи следната формула:

Формула за множење степени со иста основа

од каде се гледа дека при множење на степени со иста основа, основата по множњето останува непроменета, додека степенот (експонентот) претставува збир од двата различни степени кои се дадени пред множењето.

Пример број 1: Да се одреди производот:

Formula za mnozenje na stepeni so ista osnova

Основата останува 5, а степенот во резултатот се добива како збир од степените 7 и 2. Резултатот на задачата број 1 изнесува:

Rezultat od mnozenje

Доколку при решавањето на овој тип на задачи, еден (два или повеќе) од степените е негативен број, тогаш при пресметката важат правилата за собирање на цели броеви. Ако степенот е дропка, важат правилата за собирање на дропки.

Делење степени со иста основа

При делење степени со иста основа важи следната формула:

Формула за делење степени со иста основа

од каде се гледа дека при делење на степени со иста основа, основата по делењето останува непроменета, додека степенот (експонентот) претставува разлика од првиот и вториот (по соодветниот редослед) степен кои се дадени пред делењето.

Пример број 2: Да се одреди количникот:

Formula za delenje na stepeni so ista osnova

Основата останува иста 5, а степенот во резултатот се добива како разлика од степните 7 и 2 (7-2). Резултатот на задача број 2 изнесува:

Rezultat od delenje

При делењето на степени со иста основа, ако степените се цели броеви, ги почитуваме правилата за оперирање со цели броеви. Ако степените се дропки, важат правилата за собирање и одземање на дропки.

Во видеото подолу, може да погледнете решавање на повеќе примери задачи за множење и делење степени со иста основа!

Операции со стпетени со иста основа


Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , , , , , ,