На оваа страница може да ги видите правилата за множење и делење на дропки. Тука ќе сретнете само множење и делење на дропки со дропки! На страницата подолу може да видите решени примери директно на самата страница, како и многу решени примери во видео формат. Во споредба со собирање и одзамање на дропки, операциите множење и делење со дропки се многу полесни математички операции.
Множење на дропки
При множење на дропки со дропки важат следниве правила:
- Броителот на производот од две дропки го добиваме како производ од броителите на поединечните множители (поединечните дропки).
- Именителот на производот од две дропки го добиваме како производ од именителите не поединечните множители (поединечните дропки).
Пример бр. 1: Пресметај го производот на дропките:
При множење на дропките од примерот погоре, пресметуваме на следниот начин:
а) Броителот на производот го пресметуваме како производ од броителот на првата дропка (бројот 3) и броителот од втората дропка (бројот 3). Броителот на производот е 9!
б) Именителот на производот го пресметуваме како производ од именителот на првата дропка (бројот 4) и именителот од втората дропка (бројот 5). Именителот на производот е 20!
Целата постапка на решавање може да ја видите подолу:
Погледнете повеќе примери за множење на дропки во видеото подолу:
Делење на дропки
При делење на дропки со дропки важат следните правила:
- Првата дропка ја препишуваме.
- Операцијата делење ја менуваме со множење.
- Втората дропка (дропката со која што делиме) ја “вртиме” наопаку, т.е ја запишуваме реципрочната вредност на првобитната дропка.
- На крај ги почитуваме правилата при множење на дропки!
Пример бр. 2: Пресметај го количникот на дропките:
Започнуваме со првите три чекори од правилата кои се наведени погоре. Прво, ја препишуваме првата дропка, потоа делењето го менуваме со множење и ја запишуваме реципрочната вредност на втората дропка. Со тоа изразот даден погоре го трансформираме во следниов облик:
Потоа ги почитуваме правилата за множење на дропки со дропки, кои веќе ги искористивме при решавање на примерот број еден. Со нивна примена, се комплетира пресметката на примерот број два. Целата пресметка изгледа вака:
Видеото подолу содржи повеќе примери за делење на дропки:
Од примерите лесно може да се сфати дека множењето и делењето на дропки се поврзани операции. За да делите дропки со дропки прво треба да знаете да множите дропки со дропки!
Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.
Tags: Броител, Делење, Дропки, Именител, Количник, Множење, Производ