Коцка е геометриско тело кое има шест еднакви квадратни страни, при што сите агли меѓу соседните страни се прави (по 90 степени). Сите рабови на коцката се еднакви меѓусебе.
Единствената потреба информација за пресметување на одредени карактеристики на коцката е должината на нејзиниот раб.
Елементи
Секоја коцка има:
- 6 страни – еднакви меѓусебе.
- 8 темиња – теме е место каде се допираат три различни страни.
- 12 рабови -еднакви меѓусебе – раб е отсечка што претставува место каде се допираат две соседни страни.
Плоштина на коцка
Знаејќи дека страните на коцка може да бидат само квадрат, секако дека за да пресметаме плоштина на коцката мора да се послужиме со формулата за пресметување плоштина на оваа геометриска фигура.
Секако, бидејќи коцката има 6 страни, мора сите да се земат во предвид во пресметката. Олеснително е тоа што сите страни на коцката се еднакви меѓусебе, па во формулата за плоштина на коцка може да се групираат сите наеднаш. Формулата за пресметување плоштина на коцка гласи:
Задача број 1: Пресметај ја плоштината на коцката со должина на нејзиниот раб изнесува 8cm.
а) Гo пресметуваме квадратот (степен 2) на работ на коцката.
б) Добиената вредност под а) ја множиме со бројот 6.
Постапката треба да тече на следниот начин:
по пресметката на степенувањето, записот ја добива формата:
По множењето се добива плоштината на коцката која изнесува 384 центиметри квадратни.
Волумен на коцка
Формулата за волумен на коцка гласи:
За да пресмета волумен на коцката доволно е да се одреди трети степен од должината на нејзиниот раб.
Задача број 2: Пресметај го волуменот на коцката со должина на нејзиниот раб изнесува 8cm.
Пресметката е едноставна и бара должината на страната на коцката да ја помножиме трипати сама со себе, односно да и одредиме трети степен.
Од пресметката следува дека волуменот на коцката изнесува 512 центиметри кубни.
Ова геометриско тело е специјален вид на квадар. Со кликнување на линкот од зборот квадар може да се префрлите на страницата каде ви е достапно видео со задачи со плоштина и волумен на коцка!
Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.