Кислород е хемиски елемент со атомски број 8. Бројот на нуклеони во атомското јадро на кислородот е 16, што значи дека овој хемиски елемент има ист број протони и неутрони (по 8) во атомското јадро. Ако кислородот е електронеутрален, тогаш има 8 електрони во својата електронска обвивка.

Kislorod
Хемиски симбол за кислород

Ознаки:

– Со жолта боја е означен атомски број на кислородот

– Со црвена боја е означен масен број на кислородот

Вкупниот број на елементарни честички во атомот на кислород изнесува 24, од кои 8 протони, 8 неутрони и 8 електрони.

Важни информации

Латинското име на кислородот е Oxygenium. Името на кислородот потекнува од грчките зборови: оксис, што значи киселина и геиномаи, што значи создава. Името потекнува од мислењето дека сите кислеини содржат кислород.

Кислородот го има во слободна и сврзана форма не само на планетата Земја, туку и во вселената. Овој хемиски елемент е една од главните состојки на воздухот од атмосферата на планетата Земја. Исклучително е важен за опстанокот на растителниот и животинскиот свет поради неговата неопходност при респирација. Добро познато е дека растенијата имаат способност да емитираат кислород при појавата фотосинтеза.

Најпознато соединение во чиј состав влегува кислородот (заедно со водородот) е водата. Општо познато е дека нивото на кислород во човечката крв е од витално значење.

Хемискиот елемент кислород е откриен од Карл Вилхелм Шеле, а е именуван од Антоан Лавоазје.

1. Име на хемиски елемент Кислород
2. Хемиски симбол O
3. Атомски број (број на протони) 8
4. Масен број (број на нуклеони) 16
5. Категорија Неметал
6. Боја Безбоен
7. Фаза Гасна
8. Точка на топење – 218,79*
9. Точка на вриење – 182,962*
11. Густина 1,429**
12. Стандардна атомска тежина 15,999
Табела со податоци за кислородот

*Температурата во табелата е изразена во мерката степени целзиусови.

**Густината во табелата е изразена во мерката грам на центиметар кубен.

Изотопи на кислород

Кислородот има два стабилни изотопи. Стабилните изотопи на кислородот имаат масен број 17 и 18, што значи дека имаат по еден, т.е два неутрони повеќе од кислородот во нивното атомско јадро.

Кислород 17
Кислород 17
Кислород 18
Кислород 18

Општо познато е дека кислородот е многу запаллива гасовита материја, која е неопходна при процесот на горење.



Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , , ,