Хелиум е хемиски елемент со атомски број 2. Во атомското јадро на хелиумот има два протони и два неутрони, додека во неговата електронска обвивка има два електрони.
Ознаки:
– Со жолта боја е означен атомски број на хелиумот (2 протони)
– Со црвена боја е означен масен број на хелиумот (4 = 2 протони +2 неутрони)
Важни информации
Името на хелиумот го користиме според неговото латинско име helium. Самото име потекнува од грчкиот збор helios што значи Сонце. За прв пат бил забележан како спектрален запис кој што се појавил по затемнувањето на сонцето кое што се случило во 1868 година од страна на Жорж Рајет. Како посебен хемиски елемент е откриен од стрна на шведските хемичари Пер Теодор Клив и Нилс Авраам Ленгле. Хелиумот е втор најмалку реактивен елемент од сите хемиски елементи по неонот.
Од секојдневието, хелиумот се добро познат поради користењето во хелиумски балони, како и фактот дека вдишувањето на мало колилество од хелиумот ги менува квалитетот и бојата на човечкиот глас.
По водородот, хелиумот е вториот најраспространет хемиски елемент. Го има во атмосферата во слободна форма, додека сврзан, во големи количини го има во одредени минерали.
1. | Име на хемиски елемент | Хелиум |
2. | Хемиски симбол | He |
3. | Атомски број (број на протони) | 2 |
4. | Масен број (број на нуклеони) | 4 |
5. | Категорија | Благородни гасови |
6. | Боја | Безбоен |
7. | Фаза | Гасна |
8. | Точка на топење | – 272,2* |
9. | Точка на вриење | – 268,928* |
11. | Густина | 0,1786** |
12. | Стандардна атомска тежина | 4,002602 |
*Температурата во табелата е изразена во мерката степени целзиусови.
**Густината во табелата е изразена во мерката грам на центиметар кубен.
Изотопи на хелиум
Хемискиот елемент хелиум има повеќе изотопи но само еден од нив е стабилен. Станува збор за таканаречениот хелиум – 3, кој се разликува со хелиумот по бројот на неутроните во атомското јадро. Хелиумот има два неутрони, додека изотопот хелиум – 3 има само еден неутрон.
Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.