Брзина е физичка величина која покажува колкав пат изминало некое тело за одредено време. На овој начин се дефинира средна (просечна) брзина. Брзината се означува со v (мало ве латиница).
Брзина со други физички величини
За да се разбере од кои физички величини зависи брзината може да се разгледаат две различни ситуации:
- Ако споредуваме неколку натпреварувачи кои треба да истрчаат ист пат, тогаш најголема брзина би имал оној натпреверувач кој патот го истрчал за најкратко време. Ова покажува дека брзината зависи обратнопропорционално од времето.
- Ако споредуваме неколку натпреварувачи кои треба да трчаат ист временски интервал, тогаш најголема е брзината би имал оној натпреварувач кој истрчал најдолг пат. Ова покажува дека брзината зависи правопропорционално од изминатиот пат.
Формула за брзина
Токму овие зависности на брзината од изминатиот пат и времето ни овозможуваат да ја дефинираме брзината како физичка величина. Формулата за пресметување на брзина гласи:
каде со s се означува изминатиот пат, а со t се означува времето. Ако се земе во предвид дека основна единица мерка за должина е метар, а основна едница мерка за време е секунда, тогаш како основна единица мерка за брзина се добива мерката 1m/s (еден метар во секунда). Покрај основната единица мерка за брзина често се употребува и мерката 1km/h (еден километар на час).
Основната единица мерка за брзината се дефинира на следниот начин: Тело се движи со брзина од еден метар во секунда кога за време од една секунда, поминува пат од еден метар.
Пример задача
Пример број 1. Пресметај ја средната брзина со која се движи автомобил, кој за време од четири минути изминал пат од три километри.
а) За да се реши задачата, сите дадени мерки треба да се претворат во основната единица мерка за конкретната физичка величина. Тука минутите треба да се претворат во секунди, а километрите во метри!
б) Се запишува формулата за брзината. Во неа, на соодветното место се заменуваат вредностите кои се дадени (во основните единици мерки).
в) Се комплетира пресметката со одредување на соодветниот количник меѓу броевите.
Решение:
a) Претворање на мерките за должина и време:
- 3km = 3000m (за да претвориме од километри во метри множиме со 1000)
- 4min=240s (за да претвориме од минути во секунди множиме со 60
б) Со замена на соодветните вредности (по претворањето) се добива формулата:
в) По пресметката, за брзината се добива дека изнесува 12,5 m/s (метри во секунда).
Трансформации на формулата
Формула со која може да се пресмета изминатиот пат, ако се познати времето на патување и средната брзина, гласи:
Формулата со која може да се пресмета потрошеното време за одредено патување, ако се знае изминатиот пат и средната брзина, гласи:
Направите за мерење на брзината се викаат брзинометри (брзиномери).
. Најчесто овие мерила можат да ја мерат моменталната брзина со која се движи одредено возило.
Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.
Tags: Брзина, Време, Изминат пат, Формула