Азот е хемиски елемент со атомски број 7. Овој хемиски елемент има еднаков број на протони и неутрони (по 7) во атомското јадро. Ова значи дека бројот на неговите нуклеони е 14, додека бројот на неговите електрони кои кружат околу атомското јадро (во електронската обвивка) се исто така 7 на број. Ако атом на азотот е електронеутрален т.е во “електронска рамнотежа”, бројот на неговите елементарни честички е 21.
Ознаки:
– Со жолта боја е означен атомски број на азот
– Со црвена боја е означен масен број на азот
Важни информации
Латинското име на азотот е Nitrogenium. Самото име азотот потекнува од Лавоазје, кој овој го нарекол “azote”, што значи “без живот”. Азотот е една од главните состојки на воздухот и во него го има во најголем процент во однос на останатите хемиски елементи кои го сочинуваат.
Обично, кога азотот е под притисок или е загреан, може да реагира со повеќе хемиски елементи. Најкористен е како материјал кој се користи за производство на вештачки ѓубрива или експлозиви. Најпознато соединение (се формира само во писуство на катализатор) кое содржи азот е амонијакот кој е добро препознатлив поради неговата непријатна миризба.
1. | Име на хемиски елемент | Азот |
2. | Хемиски симбол | N |
3. | Атомски број (број на протони) | 7 |
4. | Масен број (број на нуклеони) | 14 |
5. | Категорија | Неметал |
6. | Боја | Безбоен |
7. | Фаза | Гасна |
8. | Точка на топење | – 210* |
9. | Точка на вриење | – 195,795* |
11. | Густина | 1,251** |
12. | Стандардна атомска тежина | 14,007 |
*Температурата во табелата е изразена во мерката степени целзиусови.
**Густината во табелата е изразена во мерката грам на центиметар кубен.
Изотопи на азот
Азотот има повеќе нестабилни изотопи, а само еден од нив е стабилен. Стабилниот изотоп на азотот е азот -15, кој има 7 протони и 8 неутрони во атомското јадро.
Сите останати (16 на број) изотопи кои имаат масен број во дијапазон од 10 до 25 (азотниот изотоп со најмал масен број има 3 неутрони во јадрото, додека азотниот изотоп со најголем масен број има 18 неутрони во јадрото), се во нестабилна состојба со краток интервал на полураспаѓање.
Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.
Tags: Азот, Азот 15, Изотопи на азот