Сферно огледало е секоја убаво исполирана, мазна, сферна површина која може да ги одбива (рефлектира) светлинските зраци. Сферно огледало е оптички уред кој се изучува во оптика – дел од физика. Видеото кое го содржи оваа страница ќе ви помогне полесно да разберете какви видови сферни огледала има како и кои се нивните најважни делови и ознаки.

Освен тоа видеото содржи конструктивни и нумерички правила, сите можни конструктивни задачи, како и два примери за математички нумерички задачи. Под видеото има дополнителни инфомации кои содржат одредени дополнителни објаснувања.

Sferno ogledalo

Видови сферно огледало

Постојат два главни видови на сферни огледала:

  • Вдлабнато сферно огледало (конкавно)
  • Испакнато сферно огледало (конвексно)

Сферното огледало е вдлабнато (конкавно) ако внатрешната страна на сферна површина е убаво исполирана и може да ги одбива светлинските зраци, додека ако надворешната страна го задоволува истиот критериум огледалото е испакнато (конвексно).

Формирање на лик за даден предмет во сферно огледало:

Ако зраците кои се одбиваат од некој предмет подоцна се одбијат од сферно огледало и формираат лик кој може да биде:

  • Реален лик
  • Имагинарен (нереален) лик

Реален лик е ликот кој се добива во пресекот на реални одбиени зраци од сферното огледало, додека имагинарен (нереален) лик се добива во продолжетоците на реалните зраци кои во таа ситуација не се сечат меѓусебе по одбивањето. Кај вдлабнатото сферно огледало може да се добие реален или имагинарен лик во зависност од растојанието меѓу предметот и оптичката направа, додека било кој лик добиен со испакнато сферно огледало е нереален (имагинарен).

Важни делови и ознаки кај сферно огледало

Важни поими, делови, точки и ознаки кои треба да се знаат за сферно огледало се:

  • C (O) – главен оптички центар (центар на закривеност)
  • Главна оптичка оска – ги поврзува главниот оптички центар и темето
  • T – теме – место каде се сечат сферното огледало и главната оптичка оска
  • F – фокус – се наоѓа на средината меѓу темето и главниот оптички центар
  • R – радиус – растојание од главниот оптички центар до темето
  • f – фокусно растојание – растојание од фокусот до темето (еднакво на половина од радиусот)
  • p – растојание од предмет до огледало
  • l – растојание од лик до огледало
  • P – висина на предмет
  • L – висина на лик

Карактеристични зраци

Постојат зраци кои секогаш на ист начин се одбиваат од сферните огледала. Овие зраци се слични кај двата различни видови сферни огледала, но сепак треба да се прави разлика меѓу нив.

За вдлабнато сферно огледало:

  1. Зрак кој оди паралелно со главната оптичка оска по одбивањето минува низ фокусот.
  2. Зрак кој минува низ фокусто по одбивањето оди паралелно со главната оптичка оска.
  3. Зракот кој минува низ главниот оптички центар по одбивањето се враќа назад по истиот правец.
  4. Зрак кој удира во темето се одбива од спротивната страна на главната оптичка оска под ист агол.

За испакнато сферно огледало:

  1. Зрак кој оди паралелно со главната оптичка оска по одбивањето завзема правец како да потекнува од фокусот.
  2. Зрак кој има правец како да ќе минува низ фокусот по одбивањето оди паралелно со главната оптичка оска.
  3. Зракот кој има правец како да ќе минува низ главниот оптички центар по одбивањето се враќа назад по истиот правец.
  4. Зрак кој удира во темето се одбива од спротивната страна на главната оптичка оска под ист агол.

Користејќи ги карактеристичните зраци, со помош на конструкција може да се одреди местоположбата и големината на лик за даден предмет во соодветно сфено огледало. Видеото ги содржи сите можни конструктивни задачи:

  • Предметот се наоѓа на поголемо растојание од радиусното растојание на сферното огледало
  • Предметот се наоѓа точно во главниот оптички центар
  • Местоположбата на предметот е меѓу главниот оптички центар и фокусот
  • Предметот се наоѓа точно во фокусот
  • Предметот се наоѓа меѓу фокусот и темето

Петте различни конструкции спомнати погоре важат за вдлабнато (конкавно) огледало. Видеото содржи и шеста конструкција која опишува како конструктивно се добива лик на даден предмет во испакнато (конвексно) огледало.

Математички нумерички задачи за сферно огледало

Покрај конструктивно, местоположбата на предметот и ликот во однос на сферното огледало може да се одредуваат со помош на математичката формула:

Формула за сферно огледало

Користејќи ја формулата за сферно огледало, со нејзина соодветна трансформација се добиваат формулите по кои може да се добие p или l:

Трансформација на формула за сферно огледало

Доколку резултатот во било која задача е позитивен, тоа значи дека ликот кој се добива во таа ситуација е рален. Доколку се добие негативен резултат, ликот е имагинарен (нереален).



Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , , , , , , , , , , , , , ,