Како да се реши задача во која треба да се изврши заокружување на најблискиот цел број? Штом ја имаме потребата од заокружување на броеви на најблискиот цел број, бројот кој што го заокружуваме со сигурност е децимален број.

Правило за заокружување на најблискиот цел број

При заокружување на некој децимален број на најблискиот цел број треба да:

  • Прво ја воочуваме цифрата која се наоѓа на првото децимално место од децималниот број.
  • Ако цифрата е 0, 1, 2, 3 или 4 (помала од 5), тогаш бројот го заокружуваме на целиот број кој што претходи, односно целиот дел на децималниот број не го менуваме.
  • Ако цифрата е 5, 6, 7, 8 или 9 (5 или поголема од 5), тогаш бројот го заокружуваме на целиот број кој што следува (поголем од дадениот), односно на местото на единици додаваме +1.

На кратко, целиот дел од децималниот број останува ист ако првата децимала е од 0 до 4, или го зголемуваме за +1, ако првата децимала е од 5 до 9!

Примери

Пример 1: Кој цел број е најблизу до дадениот децимален број подолу?

4,7

Бројот 4,7 на место на прва децимала ја содржи цифрата 7. Затоа што 7 е поголем број од 5, следува дека на местото на единиците во бројот 4,7 ќе додадеме +1 (4+1=5). Затоа при заокружување на бројот 4,7 го добиваме бројот 5!

Пример 2: Заокружи го децималниот број на најблискиот цел број!

18,24

Бројот 18,24 на место на прва децимала ја содржи цифрата 2. Затоа што 2 е помал број од 5, следува дека цифрата на единиците во бројот 18,24 не ја менуваме. Затоа при заокружување на бројот 18,24 го добиваме бројот 18!

Пример 3: Кој е најблискот цел број на дадениот децимален број подолу?

25,693

Бројот 25,693 на место на прва децимала ја содржи цифрата 6. Затоа што 6 е поголем број од 5, следува дека на местото на единиците во бројот 25 ќе додадеме +1 (5+1=6). Затоа при заокружување на бројот 25,693 го добиваме бројот 26!

Пример 4: Кој цел број е најблизу до дадениот децимален број подолу?

731,5386

Бројот 731,5386 на место на прва децимала ја содржи цифрата 5. Затоа што 5 е еднаков со 5, следува дека на местото на единиците во бројот 731,5386 ќе додадеме +1 (1+1=2). Затоа при заокружување на бројот 731,5386 го добиваме бројот 732!

Видео примери

Во видеото подолу може да видите повеќе примери за заокружување за дадени децимални броеви!

Заокружување на најблискиот цел број

Правилото за заокружување може да се користи за заокружување на било кое децимално место!



Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , , ,