Како се пресметува вкупен електричен отпор во сериски струен круг? На оваа страница е опишано како може да се пресмета вкупниот отпор во струен круг. Овој метод важи само за струен круг кој содржи само сериски поврзани потрошувачи (отпорници). Покрај формулата за пресметување, страницата содржи примери во различен формат.

Како да се препознае струен круг во кој потрошувачите се поврзани во серија? Едноставно, доколку “плусот” на изворот на електричната струја е поврзан со “првиот” потрошувач, првиот со вториот, вториот со третиот, итн, на крај последниот потрошувач со неговиот “минус”. Сите потрошувачи се наредени како по низа по еден единствен спроводник.

Формула за вкупен електричен отпор во сериски струен круг

Формулата за пресметување еквивалентен (вкупен) електричен отпор во струен круг со сериски поврзани потрошувачи гласи:

Формула за вкупен отпор во сериски струен круг

Вкупниот електричен отпор при овој вид на поврзување се пресметува преку збирот на сите поединечни отпори кои постојат во самиот струен круг. Формулата содржи толку членови колку што различни потрошувачи (отпорници) има во струјниот круг чиј електричен отпор тековно го пресметуваме! Оваа формула се почитува за сите покомплицирани (комбинирани) струјни кругови, каде има било каква форма на сериска врска мегу потрошувачи или групи од потрошувачи.

Пример 1: Пресметај го вкупниот електричен отпор во струјниот круг кој е претставен на сликата подолу!

Сериско поврзување во струен круг

Очигледно струјниот круг содржи три различни потрошувачи. Со замена на вредностите за електричниот отпор на различните потрошувачи се добива изразот:

По пресметувањето на збирот од различните отпори, за еквивалентниот електричен отпор се добива вредноста:

Резултат за вкупен отпор во серија

Краткото видео подолу содржи уште еден пример за пресметување вкупен отпор во струен круг со сериско поврзување на потрошувачи (отпорници):

Електричен отпор во сериски струен круг

Формулата важи само за сериски поврзани потрошувачи (отпорници) во струен круг или пак комбинирани струјни кругови во оние делови каде постои сериско поврзување!



Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , , , , , , , ,