Кој метод треба да се користи за упростување дропки до нивната наједноставна форма. Подолу, на располагање имате правило за упростување дропки и два различни пристапи за упростување (скратување).

Правило за упростување дропки

За одредена дропка да запишеме во правилен запис (нескратлива дропка) треба да ја претвориме во нејзината наједноставна форма. За една дропка да биде во нејзината наједноставна форма треба нејзините броител и именител да бидат два броеви кои немаат заеднички делител различен од бројот 1!

Правилото кое може да ни помогне во еден чекор да го извршиме потребното претворање до наједноставната форма на дропката гласи:

  • Прво го одредуваме најголемиот заеднички делител на броителот и именителот.
  • Броителот и именителот ги делиме со бројот кој е нивниот најголем заеднички делител.

Доколку ги реализираме двата чекори опишани погоре на правилен начин, тогаш дропката што ќе ја добиеме по упростувањето се наоѓа во нејзината наједноставна форма.

Пример за употреба на правилото за упростување

Пример 1: Дадената дропка подолу упрости ја до нејзината наједноставна форма!

Упростување на дропката 8 од 36

Прв метод! Ако го користиме горенаведеното правило за упростување дропки следува дека прво треба да им го одредиме најголемиот делител на броителот и именителот (потсетете се како се прави тоа)!

НЗД (8,36) = 4

Најголемиот делител (број со кој може да ги поделиме и броителот и именителот, кој притоа е најголем од сите такви можни броеви) за броевите 8 и 36 е бројот 4. По делењето на броителот и именителот, истовремено, со бројот 4 се добива следниот резултат:

Кратење на дропката 8 од 36

Заклучуваме дека дропката 2/9 е наједноставната форма на дропката 8/36!

Втор метод! Упростувањето на дропката 8/36 може да го спроведеме во два чекори. Доколку не сакате го барате најголемиот заеднички делител на броителот и именителот не морате да го правите тоа. Пример може да започнеме со фактот дека 8 и 36 се парни броеви. Штом се парни тоа значи дека сигурно се деливи со бројот 2. Правилно е ако одлучиме дропката 8/36 да ја скратиме со бројот 2. По делењето на броителот и иманителот со бројот 2 истовремено се добива следниот запис за истата почетна дропка:

Втор метод за упростување на дропката 8 од 36

Добиениот резултат, т.е дропката 4/18 е само уште еден запис за еквивалентна дропка на дропката 8/36. Овој нов запис (затоа што 4 и 18 повторно се парни броеви), може дополнително да го поделиме со бројот 2. Ако ова го спроведеме по втор пат, го добиваме следново решение:

Кратење на дропката 8 од 36

Како што може лесно да се забележи, решението добиено по првата методологија и решението добиено по втората методологија се исти. Ова покажува дека како и да вршиме упростување дропки (дали со употреба на НЗД или не), доколку упростувањето го вршиме правилно, секогаш на крај ќе дојдеме до правилниот наједноставен запис на дропката која ја кратиме!

Видео примери

Видеото подолу содржи примери за упростување дропки до нивната наједноставна форма, користејќи го првиот метод со употреба на најголем заеднички делител!

Како се упростуваат дропки до нивната наједноставна форма


Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , , , , ,