Разложување на прости множители е постапка при која одреден сложен број се претставува како производ од множители кои што се прости броеви! Во текстот знакот за множење е заменет со знакот x за полесно пишување и читање!

За потсетување:

  • Прост број е број кој е делив со себеси и со бројот 1. При делење на прост број со било кој друг број (различен од 1 и од самиот број) се добива остаток.
  • Сложен број е секој број кој покрај деливоста со себеси и бројот 1, е делив барем со уште еден број.

Податоци за разложување на прости множители

Подолу може да видите три различни примери за разложување на прости множители со решение и објаснување. Под овие три примери на располагање имате табела во која е претставено разложувањето на прости множители за броевите од 1 до 100. Во табелата како податоци може да се видат сите прости броеви кои постојат во дијапазон на броеви од 1 до 100. На дното на страницата ви се достапни разложувањата на сите броеви од 1 до 100 во видео!

Примери за разложување на прости множители

Пример 1: Разложи го бројот 14 на прости множители!

Бројот 14 може да го претставиме како производ од броевите 2 и 7. Затоа што и бројот 2 и бројот 7 се прости броеви, тука разложувањето завршува веднаш по реализирањето на првиот чекор! На цртеж, решението може да го претставиме на овој начин:

Разложување на прости множители на бројот 14

Од каде што следува дека бројот 14 разложен на неговите прости множители изгледа вака:

14 = 2 x 7

Пример 2: Разложи го бројот 30 на прости множители!

Бројот 30 може да го претставиме како производ од броевите 2 и 15. Затоа што и бројот 2 е прост број, веќе сме добиле еден прост множител за бројот 30. Од друга страна бројот 15 може да го претставиме како производ од броевите 3 и 5. Броевите 3 и 5 (и двата) се прости броеви, по што заклучуваме дека прости множители на бројот 30 се броевите 2,3 и 5.На цртеж, решението може да го претставиме на овој начин:

Razlozuvanje na prosti mnoziteli na brojot 30

Од каде што следува дека бројот 30 разложен на неговите прости множители изгледа вака:

30 = 2 x 3 x 5

Пример 3: Разложи го бројот 42 на прости множители!

Бројот 42 може да го претставиме како производ од броевите 2 и 21. Бројот 2 е еден од простите множители на бројот 42! Од друга страна бројот 21 може да го претставиме како производ од броевите 3 и 7. Броевите 3 и 7 (и двата) се прости броеви, по што заклучуваме дека прости множители на бројот 42 се броевите 2,3 и 7.На цртеж, решението може да го претставиме на овој начин:

Прости множители на 42

Од каде што следува дека бројот 42 разложен на неговите прости множители изгледа вака:

42 = 2 x 3 x 7

Табела за разложување

Табелата подолу соджи информации за разложувањето на прости множители за сите броеви од 1 до 100, како и податоци за сите прости броеви кои постојат од 1 до 100!

БројРазложување (ако е можно)
1Прост број
2Прост број
3Прост број
44 = 2 x 2
5Прост број
66 = 2 x 3
7Прост број
88 = 2 x 2 x 2
99 = 3 x 3
1010 = 2 x 5
11Прост број
1212 = 2 x 2 x 3
13Прост број
1414 = 2 x 7
1515 = 3 x 5
1616 = 2 x 2 x 2 x 2
17Прост број
1818 = 2 x 3 x 3
19Прост број
2020 = 2 x 2 x 5
2121 = 3 x 7
2222 = 2 x 11
23Прост број
2424 = 2 x 2 x 2 x 3
2525 = 5 x 5
2626 = 2 x 13
2727 = 3 x 3 x 3
2828 = 2 x 2 x 7
29Прост број
3030 = 2 x 3 x 5
31Прост број
3232 = 2 x 2 x 2 x 2 x 2
3333 = 3 x 11
3434 = 2 x 17
3535 = 5 x 7
3636 = 2 x 2 x 3 x 3
37Прост број
3838 = 2 x 19
3939 = 3 x 13
4040 = 2 x 2 x 2 x 5
41Прост број
4242 = 2 x 3 x 7
43Прост број
4444 = 2 x 2 x 11
4545 = 3 x 3 x 5
4646 = 2 x 23
47Прост број
4848 = 2 x 2 x 2 x 2 x 3
4949 = 7 x 7
5050 = 2 x 5 x 5
5151 = 3 x 17
5252 = 2 x 2 x 13
53Прост број
5454 = 2 x 3 x 3 x 3
5555 = 5 x 11
5656 = 2 x 2 x 2 x 7
5757 = 3 x 19
5858 = 2 x 29
59Прост број
6060 = 2 x 2 x 3 x 5
61Прост број
6262 = 2 x 31
6363 = 3 x 3 x 7
6464 = 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2
6565 = 5 x 13
6666 = 2 x 3 x 11
67Прост број
6868 = 2 x 2 x 17
6969 = 3 x 23
7070 = 2 x 5 x 7
71Прост број
7272 = 2 x 2 x 2 x 3 x 3
73Прост број
7474 = 2 x 37
7575 = 3 x 5 x 5
7676 = 2 x 2 x 19
7777 = 7 x 11
7878 = 2 x 3 x 13
79Прост број
8080 = 2 x 2 x 2 x 2 x 5
8181 = 3 x 3 x 3 x 3
8282 = 2 x 41
83Прост број
8484 = 2 x 2 x 3 x 7
8585 = 5 x 17
8686 = 2 x 43
8787 = 3 x 29
8888 = 2 x 2 x 2 x 11
89Прост број
9090 = 2 x 3 x 3 x 5
9191 = 7 x 13
9292 = 2 x 2 x 23
9393 = 3 x 31
9494 = 2 x 47
9595 = 5 x 19
9696 = 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 3
97Прост број
9898 = 2 x 7 x 7
9999 = 3 x 3 x 11
100100 = 2 x 2 x 5 x 5
101Прост број
Табела за разложување прости множители од 1 до 101

Видео примери

Видео материјалите содржат решение чекор по чекор за разложувањето на прости множители за сите броеви од 1 до 100:

Видео примери


Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , , , ,