Примери за кои покажуваат како се множи дропка со цел број. На оваа страница може да видите примери кои покажуваат:

  • Како се множи дропка со цел број
  • Како се множи мешан број со цел број

Постапката за множење мешан број со цел број опфаќа претворање на мешаниот број во неправилна дропка!

Множење дропка со цел број

При множење на дропка со цел број треба да се следат долунаведените упатства:

  1. Броителот на дропката го множиме со целиот број со што се добива броителот на решението.
  2. Именителот на дропката останува ист (решението има ист именител, како и дропката која е еден од множителите).

Пример 1: Пресметај го производот на броевите:

Kako se mnozi dropka so cel broj

Броителот на дропката (бројот 4) го множиме со целиот број 2, со што добиваме дека броителот на решението ќе биде бројот 8. Именителот на решанието останува идентичен (бројот 9). Целосното решение изгледа како на сликата подолу:

Mnozenje na dropka so cel broj

Множење мешан број со цел број

При множење на мешан број со цел број теба да се следат долунаведените упатства:

  1. Прво, мешаниот број го претвораме во неправилна дропка!
  2. Продолжуваме со следење на чекорите 1 и 2 од множење на дропка со цел број како од првиот пример погоре!

Пример 2: Пресметај го производот на броевите:

Прво мешаниот број го претвораме во неправилна дропка. Потсетете се како се претвора мешан број во дропка! Претворањето треба да изгледа како на сликата подолу:

Претворање мешан број во неправилна дропка

По претворањето следува множењето! Броителот на дропката (бројот 12) го множиме со целиот број 4, со што добиваме дека броителот на решението ќе биде бројот 48. Именителот на решанието останува идентичен (бројот 5). Целосното решение изгледа како на сликата подолу:

Kako se mnozi mesan broj so cel broj

На крај, очигледно решението е во форма на неправилна дропка. Би требало оваа неправила дропка да ја претвориме во мешан број. Претворањето е претставено на сликата подолу!

Претворање неправилна дропка во мешан број

Видео примери

Видеото подолу содржи многу примери за множење дропка со цел број, како и множење мешан број со цел број!

Множење на дропка со цел број


Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , , , ,