На оваа страница може да прочитате информации и примери за признак за деливост со 9, како и примери кои покажуваат како овој признак се користи. Признак за деливост со 9 е кратко правило кое го користиме за да испитаме дали еден број е делив со бројот 9 или не (дали при делење добиваме резултат кој е цел број или пак добиваме остаток, односно децимален број)!
Признак со 9
Признакот за деливост со 9 гласи:
Број е делив со 9, ако и само ако, збирот на неговите цифри е делив со бројот 9!
Правилото јасно покажува дека за да испитме дали еден број е делив со бројот 9 или не, доволно е да го пресметаме збирот на неговите цифри и да провериме дали тој збир е деливо со 9 или не. Притоа, ако абирот е дели со со 9 извлекуваме заклучок дека и самиот број е делив со 9, додека ако збирот не е делив со 9, тогаш и самиот број не е делив со 9.
Решени примери со признак за деливост со 9
Погледнете ги решените примери долу!
Пример 1: Одреди (со помош на признакот за деливост со бројот 9) дали бројот 972 е делив со бројот 9!
Прво пресметуваме колкав е збирот од цифрите на бројот 972!
9 + 7 + 2 = 18
Збирот на цифрите, бројот 18 е делив со 9, па извлекуваме дека бројот 972 мора да е делив со бројот 9! Ако направиме проверка, добиваме дека:
972 : 9 = 108
со што директно потврдуваме дека бројот 972 навистина е делив со бројот 9!
Пример 2: Одреди дали бројот 528 е делив со бројот 9!
Прво пресметуваме колкав е збирот од цифрите на бројот 528!
5 + 2 + 8 = 15
Збирот на цифрите, бројот 15 не е делив со 9, па извлекуваме дека бројот 528 не е делив со бројот 9! Ако направиме проверка, добиваме дека:
528 : 9 = 58,(6)
со што директно потврдуваме дека бројот 528 навистина не е делив со бројот 9!
Видео примери
Видеото подолу содржи повеќе примери со решени задачи (испитување за конкретни броеви) со употреба на признак за деливост со 9!
Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.
Tags: 9, Признак за деливост