Кинетичка енергија е енергијата која ја поседува тело кое се наоѓа во состојба на движење. Ако телото релативно мирува тогаш не поседува кинетичка енергија.
За да сфатите од кои физички величини зависи кинетичката енергија размислете за следниве два примери:
- Замислете автомобил и камион кои се движат со иста брзина. Повеќе од јасно е дека камионот има многу поголема маса од автомобилот. Од друга страна, сите сме убедени дека камионот располага со многу поголема кинетичка енергија од автомобилот. Овој пример јасно покажува дека кинетичката енергија сигурно зависи од масата на телото!
- Замислете два идентични автомобили (имаат иста маса) кои се движат со различни брзини. Нека брзината на првиот автомобил е 50km/h, а брзината на вториот автомобил 100km/h. Јасно е дека побрзиот автомобил има поголема кинетичка енергија од побавниот. Овој пример покажува дека кинетичката енергија зависи од брзината со која се движи телото.
Горе споменатите зависности покажуваат дека кинетичката енергија зависи од масата и брзината на телото.
Формула за кинетичка енергија
Формулата за пресметување кинетичка енергија гласи:
За да се пресмета кинетичката енергија која ја поседува одредено тело треба:
а) Брзината на телото се степенува со степсн 2.
б) Бројната вредност добиена под а) се множи со масата на телото.
в) Бројната вредност добиена под б) се дели со бројот 2.
Пример број 1: Пресметај ја кинетичката енергија која ја поседува тело со маса 5kg кое се движи со брзина од 10m/s.
Со замена за дадените вредности од задачата во главната формула за кинетичка енергија се добива:
од каде што по степенувањето се добива изразот:
Производот на мерните единици во задачата ни ја дава основната единица мерка за енергија џул (1J). По пресметувањето на производот се добива изразот:
По извршувањето на последната операција делење, се добива вредноста 250J, која е всушност кинетичката енергија која ја поседува телото од задачата со број 1.
Трансформирање на формулата
За да одредиме маса на тело ако се познати неговата енергија и брзина, најпрво мора да извршиме трансформирање на формулата. Масата, преку брзина и кинетичка енергија на тело, може да се пресмета со помош на формулата:
Од друга страна, формулата за пресметување на брзина со која се движи дадено тело, преку неговата маса и кинетичката енергија, гласи:
Доколку во текот на решавањето на задачите се сомневате во операциите со мерките за физичките величини, важи правилото дека ако работите со основни единици мерки за познатите физички величини, тогаш ќе добиете вредност во основна единица мерка за физичката величина која ја барате во тековната задача. Погледни повеќе информации поврзани со физика.
Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.
Tags: Задача, Кинетичка енергија, Формула
Pingback: Внатрешна енергија