Време е основа физичка величина која се означува со t (те малечко латиница) чија основна единица мерка е една секунда која се означува со s (ес малечко матиница. Според SI (интернационален систем за мерки и тегови), физичката величина време е една од седумте основни физички величини.

Vreme

Мерки за време

Основната единица мерка за време е една секунда. Затоа, сите останати мерни единици за време ќе ги наброиме како помали или поголеми мерни единици од една секунда.

Помали мерни единици од една секунда:

  • милисекунда (една секунда има 1000 милисекунди).
  • микросекунда (една секунда има 1 000 000 микросекунди).
  • наносекунда (една секунда има 1 000 000 000 наносекунди).

Поголеми мерни единици од една секунда:

  • Минута (една минута има 60 секунди).
  • Час (Еден час има 60 минути, односно 3600 секунди).
  • Деноноќие* ( Едно деноноќие има 24 часа, односно 1440 минути, односно 86400 секунди).

*Во понатамошниот текст деноноќие = ден; деноноќија = денови

Покрај горе споменатите мерки кои се поголеми од една секунда, се користат и мерките седмица (недела), месец, година, деценија, век (столетие) и милениум.

За поголемите мерки од еден ден важат следните правила:

  • Една седмица има седум денови.
  • Еден месец има 28, 29, 30 или 31 денови.
  • Една година има 365 денови (секоја четврта има 366 денови кога има година која февруари има 29 денови, освен еднаш на сто години кога се случува да има период од осум години без месецот февруари да има 29 денови).
  • Една деценија е период од десет години.
  • Еден век е период од сто години.
  • Еден милениум е период од илјада години.

Имајќи ги во предвид разликите меѓу било кои мерки за време (временски интервали) може да се врши претворање на мерки за време од една во друга.

Претворање на мерки за време

При претворање на мерки за време важат правилата:

  • Ако претвораме од поголема во помала мерка користиме операција множење.
  • Ако претвораме од помала во поголема мерка користиме операција делење.

Во овој дел се опфатени неколку задачи за претворање на мерки за време:

Пример број 1: Претвори 25,5 минути (се означува со min) во секунди!

За да претвориме од минути во секунди треба да множиме со 60, затоа што во една минута има 60 секунди, а претворањето оди од поголема кон помала единица мерка:

Пресметката што следи:

Претворање мерки за време

Пример број 2: Претвори 4,5 часови (се означува со h) во секунди!

За да претвориме од часови во секунди треба:

  • а) Прво да претвориме од часови во минути
  • б) Добиение минути од а) да ги претвориме во секунди

Решение:

а)

Pretvoranje merki za vreme

од каде што следи:

б)

Претворање од минути во секунди

Значи во 4,5 часови има 16200 секунди!

Пример број 3: Претвори 1800 секунди во минути!

За да претвориме од секунди во минути треба да делиме со 60, затоа што во една минута има 60 секунди, а претворањето оди од помала кон поголема единица мерка:

Пресметката што следи:

Pretvoranje od sekundi vo minuti

Мерење на време

Направата која се користи за мерење на време се нарекува хронометар. Во денешно време постојат најразлични видови на аналогни и дигитални хронометри или стоперки кои можат да мерат време многу прецизно.

Хронометар
Хронометар

За ориентација во однос на времето се користат различни часовници со најразлична форма и големина. Еден од најстарите видови часовници (хронометар) кој се користел за мерење на одреден временски интервал е песочниот часовник.

Песочен часовник
Песочен часовник

За ориентација во однос на времето на различни локации во однос на планетата Земја, мора да се зема во предвид дека постојат 24 часовни зони. Во поново време со паметните телефони е олеснето прилагодувањето на менувањето на часовните зони при патување поради автоматското адаптирање и менување на инфомациите за времето.

Временска прогноза

Често во секојдневие поимот време не се користи со неговото значење како физичка величина, туку како временските состојби на опеделено место. Под временска прогноза се подразбира предвидување на временските прилики во одреден временски период.

Притоа временската прогноза може да биде за краток интервал на време (интервал од еден до седум денови), или пак за долг временски период (од една недела до неколку месеци). Најчесто прецизноста на временската прогноза е поточна колку што интервалот на прогнозирање е пократок.

Кај нас, во Македонија, постои управа за хидрометеоролошки работи УХМР, каде секогаш може да се проверат актуелните метеоролошки состојби во нашата држава.

Покрај УХМР, постојат многу различни страници или апликации кои овозможуваат активно следење на временска прогноза на било кој компјутер, таблет или пак мобилен телефон.



Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , , , , , ,