Атом е најмалата неделива честичка на секој хемиски елемент која е носител на неговите физички и гемиски својства.

Градба на атом

Секој атом е изграден од два дела:

  • Атомско јадро
  • Електронска обвивка
Atom
Модел на атом

Атомско јадро

Атомското јадро се наоѓа во средишниот дел на атомот. Тука е сконцентрирана речиси целата вкупна маса на атомот. Во атомското јадро има два различни типа на честички:

  • Протон
  • Неутрон

Протон е позитивно наелектризирана честичка. Неутронот е електронеутрален, т.е е ненаелектризиран. Протоните и неутроните (сите членови во атомското јадро) се нарекуваат со заедничко име – нуклеони.

Погледни видео кое подобро ја опишува градбата на атомот:

Градба на атом

Електронска обвивка

Електронска обвивка претставува просторот околу атомското јадро во кој кружат електроните. Електрон е негативно наелектризирана честичка која има еднаков електрицитет по големина со електрицитетот на еден протон, но со спротивен знак.

Најчесто (кога еден атом се наоѓа во состојба на рамнотежа), бројот на протони во атомското јадро на еден атом е еднаков со бројот на електрони во неговата електронска обвивка. Во таа ситуација атомот не е наелектризиран, односно е електронеутрален.

Позитивно наелектризиран атом – Катјон

Позитивно наелектризиран атом (позитивен јон или катјон) е атом кој има повеќе протони во атомското јадро одколку електрони во електронската обвивка.

За атомот да стане катјон, потребно е од било која причина да “изгуби” еден или повеќе електрони од сопствената електронска обвивка.

Негативно наелектризиран атом – Анјон

Негативно наелектризиран атом (негативен јон или анјон) е атом кој има помалку протони во атомското јадро одколку електрони во електронската обвивка.

За атомот да стане анјон потребно е од било која причина да “добие” еден или повеќе електрони кои претходно не припаѓале во неговата електронска обвивка.

Погледни видео кое опишува како се создава катјон и анјон.

Катјон и анјон
Видео кое опишува како се формира катјон и анјон

Најчесто создавањето на јони е поврзано со појавите на електрицитет, електролиза и јонизација.

Електролиза е постапка при која се добиваат катјони и анјони кај течностите, додека јонизација е постапка при која се добиваат катјони и анјони кај гасовите.



Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , , , , , , ,