Ова видео ќе ви помогне да научите како се делат триаголниците според два различни критериуми:

а) според должината на страните: рамностран триаголник, рамнокрак триаголник и разностран триаголник

б) според големината на аглите: остроаголен триаголник, правоаголен триаголник и тапоаголен триаголник

Покрај тоа секој читател може да вежба дали ќе може да детектира даден триаголник во која класа на триаголници припаѓа, според должината на страните и според големината на аглите.

Vidovi triagolnici

Рамностран триаголник е триаголникот на кој сите страни му се еднакви.

Рамнокрак триаголник е триаголникот кој има два еднакви страни (краци), а третата страна е со различна должина од нив.

Разностран триаголник е триаголникот на кој сите три страни му се со различна должина.

Остроаголен триаголник е триаголникот на кој сите три агли му се остри.

Правоаголен триаголник е триаголникот кој има еден прав агол.

Тапоаголен триаголник е триаголникот кој има еден тап агол.

Сите карактеристики на секој различен вид триаголник се претставени со ознаки. Потрудете се да анализирате што покажуваат ознаките!



Следете ја www.matematikazasite.com!

Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , , ,