Правоаголник е четириаголник кој што има:

  • Четрири еднакви прави агли од по 90 степени
  • Две по две еднакви спротивни страни
  • Две по две спротивни паралелни страни
Pravoagolnik
Правоаголник

Периметар

Формулата за пресметување на периметар на правоаголник гласи:

Формула за периметар на правоаголник

Истата формула запишана со помош на множители во пократка форма, гласи:

Пример број 1. Пресметај го периметарот на правоаголник ако должината на неговата подолга страна е 5cm, а должината на неговата пократка страна е 3cm.

За да се реши задачата од пример број еден доволно е да:

a) Да се пресмета збирот од должините на сите четири страна. Собироците се: на две места подолгата страна и на две места пократката страна: L=5cm+3cm+5cm+3cm

б) Да се пресмета збир од две различни удвојувања на вредностите од подолгата и пократката страна на правоаголникот.

Периметарот на правоаголникот изнесува 16 центиметри!

Плоштина на правоаголник

Формулата за пресметување на плоштина на правоаголник гласи:

Формула за плоштина на правоаголник

Пример број 2. Пресметај ја плоштината на правоаголник ако должината на неговата подолга страна е 5cm, а должината на неговата пократка страна е 3cm.

За да се пресмета плоштината на правоаголникот доволно е да се пресмета производот од должините на неговите страни (пократката со подолгата).

Плоштината на правоаголникот изнесува 15 центиметри квадратни!

Формулите за пресметување на периметар и плоштина на правоаголник се составен дел од задачи во кои треба да се пресмета периметар и плоштина на сложени фигури. Исто така формулите се користат како дел од задача за пресметување на плоштина на одредени геометриски тела кои имаат страна или повеќе страни кои ја имаат формата правоаголник.

Периметарот и плоштината зависат правопропорционално од должините на страните на правоаголникот. Колку се поголеми страните на правоаголникот, толку се поголеми неговите плоштина и периметар!

Правоаголникот има две дијагонали кои имаат еднаква должина. Двете дијагонали се сечат точно на половина и образуваат два по два еднакви агли. Оваа геометриска фигура има две оски на симетрија.



Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.

 

Tags: , , ,