Квадрат е четириаголник кој има:
- Четири еднакви прави агли од по 90 степени
- Четири еднакви страни
- Две по две спротивни паралелни страни
По своите карактеристики оваа геометриска фигура во 2Д е различна од сите останати геометриски фигури. Најлесно е оваа фигура да се замени по грешка со ромб или правоаголник поради нивните слични карактеристики.
Периметар
Периметар се означува со L. Формулата за пресметување на периметар на квадрат гласи:
Истата формула претставена како производ, гласи:
Пример 1. Квадрат има должина на страна 5cm. Да се пресмета неговиот периметар!
- а) Доволно е вредноста на должината на страната од 5cm да ја собереме сама со себе 4 пати
- б) Доволно е вредноста на должината на страната од 5cm да ја помножиме со 4
Периметарот на квадратот изнесува 20 центиметри.
Плоштина
Плоштина се означува со P. Формулата за пресметување на плоштина на квадрат гласи:
Истата формула претставена како број на степен, гласи:
Пример 2. Квадрат има должина на страна 5cm. Да се пресмета неговата плоштина!
а) Доволно е вредноста на должината на страната од 5cm да ја помножиме сама по себе.
б) Доволно е вреноста на должината на страната од 5cm да ја степенуваме со 2.
Плоштината на квадратот од примерот број 2 изнесува 25 центиметри квадратни.
Формулите за пресметување на периметар и плоштина на квадрат се составен дел од задачи во кои треба да се пресмета периметар и плоштина на сложени фигури. Исто така формулите се користат како дел од задача за пресметување на плоштина на одредени геометриски тела кои имаат страна или повеќе страни кои ја имаат формата квадрат.
Периметарот и плоштината зависат правопропорционално од должината на страната на квадратот. Колку е поголема страната на квадратот, толку се поголеми неговите плоштина и периметар!
Често поимот “квадрат” може да се сфати неправилно поради тоа што може да се употребува како:
- име на геометриска фигура
- степенување на број
Квадратот има две дијагонали кои имаат еднаква должина. Двете дијагонали се сечат точно на половина и образуваат четири еднакви, прави агли. Оваа геометриска фигура има четири оски на симетрија.
Следете ги информациите и материјалите кои ќе бидат објавени во иднина со поврзување на профилите на www.matematikazasite.com профилите на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube со користење на копчињата подолу.
Tags: Квадрат, Периметар на квадрат, Плоштина на квадрат, Формула
Pingback: Ромб
Pingback: Паралелограм
Pingback: Судоку водич - Научете како се решава судоку
Pingback: Квадар
Pingback: Коцка